Студенти рецитираа македонска поезија во амбасадата во Пекинг

Во амбасадата на Македонија во Пекинг денес беше организиран настан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, кој се чествува на 24 мај. Амбасадорот на Македонија во Пекинг, Сашко Насев, го истакна значењето на овој празник за македонскиот народ, јазик, идентитет и култура, информира известувачот на МИА од Пекинг. Студенти по македонски јазик од Универзитетот за странски студии во Пекинг ги интерпретираа стиховите на „Букви“ од Гане Тодоровски, „Глаголица“ од Анте Поповски и „Везилка“ од Блаже Конески. Ученици и наставници од Меѓународното училиште Тсингуа и Британското училиште во Пекинг, пак, ги презентираа стиховите на „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, „Ветрот носи убаво време“ од Ацо Шопов и „Тешкото“ од Блаже Конески.
The post Студенти рецитираа македонска поезија во амбасадата во Пекинг appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: