Прага/Скопје, мај 2025 година – Од овој момент, глобалните технолошки гиганти „Киншифт“ и „Авенга“ се споија и функционираат како една единствена компанија под новиот бренд Авенга. Новиот бренд, освен промената во името, носи и свежа веб-страница, надополнети комуникациски канали и унифициран визуелен идентитет, што ја отсликува енергијата и насоката на компанијата. Оваа трансформација е значителен напредок за компаниите „Киншифт“ и „Авенга“, кои решија да ги здружат своите сили во 2024 година. Овој нов идентитет ја рефлектира синергијата меѓу нив: обединети тимови, заедничко водство и една единствена амбиција – да се поддржат клиентите при решавање на реални деловни предизвици со мудро користење на технологијата.
Во Македонија, „Киншифт“ веќе долго време има значајно присуство, откако ја купи водечката ИТ компанија „Сеавус“ во 2020 година, а потоа и бугарската „Мусала софт“ во 2022 година, која имаше свое присуство и кај нас. Овие аквизиции дополнително го зголемија влијанието на компанијата во регионот и поставија основа за денешната експанзија под брендот „Авенга“.
„Авенга“ сега обединува повеќе од 6.000 професионалци кои работат на три континенти – Европа, Америка и Азија, за клиенти во индустрии како финансии, телекомуникации, автомобилска индустрија, производство и биолошки науки. Компанијата нуди врвна експертиза и капацитети во областите на дигитални платформи, обработка на податоци, стратегии за вештачка интелигенција, модернизација на облачната инфраструктура и управување со услуги. „Нашите решенија им овозможуваат на клиентите да ја подобрат оперативната ефикасност, да користат анализи базирани на податоци за донесување на одлуки и да обезбедат персонализирани кориснички искуства“, нагласуваат од „Авенга“.
Со зголемување на потребата за конкретни и ефикасни решенија кои функционираат за разнолик спектар на корисници, „Авенга“ обезбедува развој на софтвер по нарачка, заедно со врвни консултации за вештачка интелигенција, машинско учење и предвидлива анализа. „Овој ребрендинг го потврдува она што веќе сме – една компанија со јасно дефинирана цел: да обезбедиме технологија со која нашите клиенти ќе бидат побрзи, поефикасни и поуспешни. Нашиот фокус е на реална примена на вештачката интелигенција, интегрирајќи ја во постојните системи и процеси“, изјави извршниот директор на „Авенга“, Лудовик Годе.
Ребрендирањето претставува повеќе од визуелна промена, тоа е јасна демонстрација на посветеноста и конзистентноста во начинот на кој „Авенга“ се претставува пред клиентите, партнерите и вработените. „Со создавањето на „Авенга“, ги обединивме вистинските луѓе, експертизата и мисијата за да им помогнеме на клиентите во решавање на важни предизвици. Обединетиот бренд ја рефлектира нашата долгорочна визија и силната вера во технологијата како двигател на напредокот. Горд сум што го поддржувам „Авенга“ како глобален лидер во индустријата“, рече Карел Комарек, основач на „KKCG“, инвестиционата групација на „Авенга“.
Стартот на новиот бренд „Авенга“ е официјално започнат денес, но во следните месеци, компанијата ќе продолжи да го зголемува своето присуство на клучните пазари и да ги зајакнува капацитетите за трансформација преку примарна примена на вештачка интелигенција, дигитален инженеринг и работа управувана од податоци. „Фокусираме на долгорочно создавање вредност за клиентите со технологии кои прават разлика“, заклучија од „Авенга“.
The post Обединување на компаниите „Киншифт“ и „Авенга“ под заедничкиот бренд „Авенга“ appeared first on 365.mk.


