Јокиќ, сега следи многу пиво, па потоа настап за репрезентација

Никола Јокиќ и неговиот Денвер нагетс се елиминирани од плејофот во НБА откако на седмиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција, против Оклахома, загуби со убедливи 125:93.
Штом заврши плејофот за него, зборуваше за српската репрезентација на првата прес-конференција по поразот. Еден од најдобрите кошаркари на денешницата истакна дека искуството од играњето за Србија на Олимписките игри ги подобрило неговите играчки вештини, а кога станува збор за Евробаскетот, кој Србија го игра во Летонија на крајот од август, рече дека ќе го земе предвид својот настап.
Мислам дека Олимписките игри ме направија уште подобар. Играв за мојата земја, играв по различни правила, иако, всушност, не е толку различно. Играв со други играчи, мислам дека станав уште подобар. Има Евробаскет, Европско првенство. Морам да одлучам за тоа. Ќе треба да разговарам со тренерите и со некои од главните играчи. Ќе видиме, но отсега, па натаму, веројатно ќе има многу пиво – истакна Никола Јокиќ.
The post Јокиќ, сега следи многу пиво, па потоа настап за репрезентација appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: