петок, 27 ноември 2026
Најново

Институтот за македонска литература промовира нови книги

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 20 мај во 19 часот, Институтот за македонска литература организира настан во Јуроп хаус – Скопје. Се работи за претставување на две изданија. Првото е „Европа: по рутата на Кирил и Методиј“, туристички часопис издаден од Look at it.cz од Чешка. Второто е преводот на „На убавата сина Джевнице“, роман на чешкиот автор Антонин Бајаја, издаден од „Перун Артис“ од Битола. Настанот ќе биде посетен од бројни гости од Чешка и Словачка, кои се дел од Европската рута на Кирил и Методиј, асоцијација при Советот на Европа.
На 21 мај со почеток во 10 часот, во „Порта Македонија“, Институтот организира Генерална асамблеја на асоцијацијата Европската рута на Кирил и Методиј при Советот на Европа. На овој собир ќе учествува и Македонија, со поздравно обраќање од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Министерството за култура и туризам е одговорно за Програмата за Културните рути при Советот на Европа.

Поврзани вести