петок, 27 ноември 2026
Најново

Весна Петрушевска наградена за придонес во театарската уметност на МТФ „Денови на комедија“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со искрено задоволство се објавува дека лауреат на МТФ Денови на комедија 2025 е актерката Весна Петрушевска. Од МТФ „Денови на комедија“ велат дека Фестивалот и Советот на Фестивалот, вклучувајќи ги Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски, ја доделуваат наградата „Васил Иљоски“ на актерката Весна Петрушевска во знак на признание за нејзиниот значаен придонес во театарската уметност, со акцент на комедијата. Наградата ќе биде предадена на отворачкиот ден на Фестивалот Денови на комедија 2025, на 24 септември, во големата сала на Центарот за култура Куманово.

Поврзани вести