петок, 27 ноември 2026
Најново

Косовската полиција нападна српски матурант кој славеше на улиците во Косовска Митровица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска во Косовска Митровица се случи инцидент кога косовските полицајци опколија српски матурант во центарот на градот. Еден од полицајците фатил за врат еден матурант а на вратот на младиот човек биле видливи траги од крв. Дипломецот бил спасен од понатамошно малтретирање од страна на граѓани и професори, објавија
Инцидентот се случил во центарот на Косовска Митровица, кога матурантите од средно училиште, во придружба на нивните професори и во придружба на трубачи, традиционално парадирале низ градот.
Како што тврдат Србите на Косово реакции следеа од блиското кафуле, кога еден од гостите го покажа симболот на орел и голема Албанија, а матурантите одговорија со покажување на среден прст.
Потоа косовскиот полицаец истрчал кај дипломците и го извлекол младиот човек од групата, кого подоцна го малтретирал пред други граѓани, како и пред колега кој се обидувал да ја смири ситуацијата.

Поврзани вести