Шаби: Зошто не сум во репрезентацијата, треба да прашате некој друг

Македонската одбојкарска репрезентација се подготвува во Словенија за настапот во Европската Златна лига, каде што веќе, но меѓу повиканите одбојкари не беше Дарко Ангеловски, познат како Шаби.
Ангеловски долго време беше дел од националниот тим, но сега не е во составите. Преку социјалните мрежи тој ги демантираше шпекулациите дека причината за неговото отсуство е професионалната обврска, но и јасно го изрази своето незадоволство.
„Поради големата заинтересираност на обожавателите на одбојката зошто не сум дел од репрезентацијата овој циклус ќе наведам дека НЕ Е проблем работата како што се пуштија гласини такви, напротив со голема почит бев пуштан од работа да играм за Македонија. Како што ме прашувавте мене треба да прашате и друг некој од репрезентацијата од постарите играчи“, стои во објавата на Ангеловски.
The post Шаби: Зошто не сум во репрезентацијата, треба да прашате некој друг appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: