петок, 27 ноември 2026
Најново

Ивановски: Брзата пруга од Табановце до Гевгелија ќе почнеме да ја реализираме уште на есен. За триесетина километри ќе се обидеме да ја намалиме должината од постоечката пруга а за 5 години планираме да ја изградиме

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Прва механизација на терен за изградба на брза пруга од Табановце до Гевгелија ќе имаме уште оваа есен. Ќе почнеме со геомеханички и геолошки истражувања и други технички истражувања за да видиме каде може да ја скратиме должината на пругата, посебно кај делот кај Велес, истакна директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски во интервјуото на ТВ Сител.

Трасата на брзата пруга ќе се движи паралелно со постоечката, за пет години од почетокот на изградбата ќе биде завршена, вели Ивановски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

“Најавата за брза пруга е уште пред една година, лани летото и согласно тоа почнавме да се подготвуваме. Очекувам првата механизација да биде некаде на есен на терен. Најидеален дел каде да се гради оваа брза пруга е до постоечката пруга. Тоа значи дека добар дел се местата се населени, мислам дека ќе има експропријација но ќе се обидеме тоа да го сведеме на минимум. Од друга страна со самото тоа што ќе се гради до постоечката пруга тоа е пат што е трасиран и сите проблеми на терен се познати. 152 години оваа пруга постои и затоа сме сигурни дека ќе почнеме за брзо бидејќи ја познаваме трасата и теренот. Очекуваме за 5 години од почетокот на градба да дојдеме до финишот, “ истакна Ивановски.

Како што објасни, предвидено е брзината за патнички сообраќај да биде до 160 км на час, а за товарен до 120 км на час, бидејќи увидено е дека за пруга со 200 км на час оджувањето е до два и пол пати поскапо за одржување, вели Ивановски.

Тој најави дека новата пруга ќе биде со пократко растојание од постоечката.

“ Моментално делницата Табановце – Гевгелија е 235 км влез излез на државата. Ќе се трудиме да дојдеме до 200 км должина па и помалку. Има огромен дел со кривини и секаде каде е дозволиво тоа ќе се исправи”- потенцираше Ивановски.

Поврзани вести