петок, 27 ноември 2026
Најново

Утре ќе има посебно сообраќајно регулирање од Средно Водно до манастирот Св. Пантелејмон.

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

„Утре со почеток во 10 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како ‘Сите за Кочани – трчаме заедно’, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Од  тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Поврзани вести