Како што информира ЕСПН, Тајланд има можност да влезе во календарот на Формула 1 во 2028 година. Организаторите на трката во Тајланд треба да поднесат официјална апликација за домаќинство на Гран при трката истата година. Премиерот на Тајланд, Патонгтарн Шинаватра, за време на тркачкиот викенд во Монако, ги запозна официјалните лица на Формула 1 со идниот проект за Гран при. Ако добие зелено светло, трката ќе се одржи на улична патека во Бангкок. Во моментов, Тајланд е домаќин на трка од Мото ГП шампионатот.
The post Формула 1 доаѓа на Тајланд appeared first on 365.mk.


