Како што најавуваат од Зоолошката градина, посетителите ќе имаат можност да ги видат уметничките дела кои студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија од АУЕ- Фон ги сликале на лице место во скопската зоолошка, инспирирани од животните и природата.
„Секој посетител ќе може со одредена донација да стане сопственик на едно од уметничките дела на талентираните студенти, а со тоа да биде општествено одговорен и да се приклучи кон зголемување на благосостојбата на животните во ЗОО Скопје. Ве покануваме заеднички да се дружиме на делот кај бината и игралиштето веднаш после влезот во Зоолошка градина Скопје“, посочуваат во нивното соопштение.
The post “Станете заштитник на животните” – хуманитарна изложба во зоолошката градина во Скопје. appeared first on 365.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи:



