Петориза фудбалери го оставија Вардар, а Гачевски е на трансфер листа.

Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси и Михал Пинтер се фудбалерите кои заминуваат. Вардар им се заблагодари за досегашната соработка.
Клубот објави дека на трансфер листата е Филип Гачевски кој може да си оди без обештетување.
Во тек се разговори со Методија Велковски и Ненад Мишковски, нивната иднина наскоро треба да биде решена.
А ново засилување е 20-годишниот голман од Или Зибери кои во Вардар доаѓа од Тетекс, тој стави потпис на четиригодишен договор.

The post Петориза фудбалери го оставија Вардар, а Гачевски е на трансфер листа. appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: