Израелската армија објави дека се откриени лансирања на ракети од Иран и ги повика граѓаните да се придржуваат до безбедносните протоколи на Командата на домашниот фронт.Војската соопшти дека израелските воздухопловни сили работат на пресретнување на дојдовни ракети, но нагласија дека одбранбениот систем на земјата „не е херметички затворен“.
Impact in the Center of Tel Aviv, 07h12 am. pic.twitter.com/U7FYERuKKI— MenchOsint (@MenchOsint) June 19, 2025
Ракети паднаа во областа на Ерусалим и Тел Авив. Неколку експлозии се слушнаа над двата града, додека сирените за предупредување беа активирани од централен до северен Израел.Израелските медиуми известуваат за најмалку четири места каде што е извршен удар на ракети на израелска територија. Засега нема детали.
Another direct hit in Petah Tikva, Tel Aviv. https://t.co/J3GoAioaEM pic.twitter.com/5hNct8kSsu— MenchOsint (@MenchOsint) June 19, 2025
Според извештаите на израелските медиуми, има повредени лица, а најмалку четири локации биле погодени од ракети во централниот и јужниот дел од земјата.Последниот напад беше поголем од претходната серија.



