Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст, поради тензиите на Блискиот Исток, клучен глобален регион за производство на овој енергетски извор, откако САД ја одложија одлуката за воена поддршка на Израел во конфликтот против Иран.
Така, меѓународната референтна цена на нафтата Брент падна на 76,79 долари за барел, што е за 0,5 проценти помалку од претходниот ден, објави „Трејдинг економикс“.
Цената на суровата нафта се зголеми за 19,17 проценти во мај, но сепак е за 9,11 проценти пониска од пред една година.



