Јадење од една тава готово за 25 минути: Шакшука е хранлив и вкусен оброк

Лето е и на некои луѓе не им се јаде одредени оброци кои одземаат многу време за подготовка. Ако сте еден од нив, тогаш шакшука е идеална опција за оброк бидејќи е брза за подготовка, а воедно и хранлива.

Тоа е јадење кое станува сè попопуларно на социјалните мрежи, каде што главните состојки се доматен сос и јајца.

Состојки:

три јајцаполовина конзерва доматен сос со парчиња доматеден мал црвен кромидедна црвена пиперкадве лажици маслоцрвена пиперка во прав, сол и црн пиперсвеж магдоносдве чешниња лук

Подготовка:

Загрејте го маслото во голема тава, додадете го сечканиот црвен кромид и пржете две минути. Потоа додадете ги исечканите пиперки и продолжете да пржите неколку минути.

После тоа, додадете го лукот, солта, црвената пиперка во прав и црн пипер. Промешајте кратко и оставете една минута за да се соединат зачините со зеленчукот.

Додадете го доматен сос од конзервата и продолжете со готвењето околу 10 минути. Откако смесата ќе се згусне, пробајте го сосот и видете дали треба да додадете повеќе зачини.

Направете три мали вдлабнатини со лажица и додадете ги јајцата. Покријте го тенџерето со капак и оставете да се готви на тивок оган околу пет минути. На крај, додадете го свежиот магдонос. Можете да го јадете јадењето со некаков леб.

Пронајдете не на следниве мрежи: