Ви треба:
4 пилешки батаци со карабатацисол, бибер2 лажици путермасло200 г кромид2 моркови2 пиперки4 лути пиперки2 чешниња лук500 г свежи домати или конзерва сечкани доматипрстофат рузмарин, шака црн маслинки, каранфилче
Подготовка:
Исечете го месото на батаци и карабатаци. Зачинете, потоа пржете во масло и путер околу десет минути додека не добие убава кора. Извадете го месото, потоа пропржете го сечканиот кромид, сечканиот морков, лукот и сечканата пиперка во истата маснотија, а кога зеленчукот малку ќе омекне, додадете ги доматите. Зачинете, вратете го месото и динстајте околу 40 минути. Додадете малку вода доколку е потребно. Додадете ги маслинките кон крајот. Сервирајте ги батаците со пире од компири или ориз.
Пронајдете не на следниве мрежи:


