Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за укинување на санкциите против Сирија.
„Одлуката на претседателот Трамп ќе придонесе за мирна и демократска трансформација на земјата, која со години страда од насилството и криминалниот режим на Башар ал-Асад. Оваа одлука испраќа правилен сигнал: завршувањето на диктатурата и нејзините агресивни напори за продолжување на војната води кон позитивни промени и соодветен одговор од меѓународната заедница“, рече Зеленски на платформата Икс.
Според него, ова е можност да се започне нова фаза што, како што изјави, сирискиот народ целосно ја заслужува, пренесува Укринформ.



