На социјалните мрежи „ТикТок“ и „Х“ се појави видео на кое може да се забележи демолирана клупа на Водно, која урбано, но и на социјалните мрежи важи за клупа со најубав поглед од горе кон градот.
Во натписот на видеото што го сподели профилот потпишан Блефер (el_padrino__), кој реагира револтирано се вели: „Клупата со најубав поглед во Македонија ја искршил некој безобразен неизживеан дебил“.
Клупата со најубав поглед во Македонија ја искршил некој безобразен неизживеан дебил. Му посакувам да се оболи од 30 болести во исто време и да се мачи најмалце 15 години. Племе му ебам сељачко! pic.twitter.com/WAWBYPeDhr
— Блефер (@el_padrino____) June 30, 2025



