Низ историјата, односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави биле добри, а двете земји пронашле нешто што ги обединува, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
„Од секогаш, многу долго време, сме имале многу добри и уникатни односи со Соединетите Американски Држави. Ја поддржувавме нивното тежнеење за независност од Велика Британија. Всушност, ги снабдувавме со оружје и им помагавме со пари. Потоа во американската граѓанска војна, Северот беше поддржан за време на граѓанската војна со -Југот “, изјави Путин , пренесува ТАСС.
Тој рече дека Русија и САД, во оваа смисла, сепак пронашле нешто што ги „обединува“.



