КЕТО ПИТА СО ЛИМОН ИДЕАЛНА ЗА ДИЕТА: Можете да ја јадете без грижа на совест, а им успева дури и на почетници

Ви треба:

За кората:

150 г бадемово брашно50 г растопен путер1 лажица еритритолпрстофат сол

За филот:

3 големи јајца100 мл свежо исцеден сок од лимонРендана кора од 1 лимон60 г еритритол (или по вкус)50 г путер (исечен на коцки)

Подготовка:

Во сад измешајте го бадемовото брашно, еритритолот, солта и растопениот путер и измешајте. Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење. Печете 10 до 12 минути, во рерна загреана на 170 степени. Оставете да се олади. Изматете ги јајцата одделно и додадете сок од лимон, кора и еритритол. Мешајте на средна температура околу 7 до 10 минути, додека смесата не се згусне. Потоа тргнете од оган и додадете ги коцките путер, мешајќи додека не се стопи. Прелијте го топлиот фил од лимон врз кората, измазнете и оставете да се олади на собна температура. Потоа оставете во фрижидер да се стегне. Исечете го колачот на парчиња, а потоа посипете го со малку еритритол во прав. Пријатен апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи: