Криминалот не само што се прават дека не го гледаат, туку и го бранат. Како што ја бранат претседателката на Управен одбор на Комунална хигиена, осудена со 2 пресуди за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот и за Тешки дела против општата сигурност, вели градоначалничката на Град Скопје на седница на Советот на Град Скопје.
– Така го бранат и Висар Ганиу за фалсификатите и за 150 диво изградени НЕБЕЗБЕДНИ згради висококатници. Криминалци ќе се борат против криминалот? Криминалци ќе гарантираат правна држава и безбедност на граѓаните? Јулијана е осуден криминалец, ама е жена, не треба да се напаѓа, а мене што ми се закануваат по животот на детето јас не сум жена, ние другите жени не треба да бидеме заштитени, вели Арсовска.



