ЛАЗАЊИ СО СПАНАЌ Според стариот рецепт на баба, за вистински гурмани и оние пребирливите

Ви треба:

1 кг спанаќ250 г кора од лазањичешне лук2 лажици путер300 г свежо сирење200 г павлакаглавица кромид150 г рендано сирењеморско оревче бибер, сол

Подготовка:

Во растопен путер испржете ситно исечкан кромид и лук. Исчистете го и измијте го спанаќот, па бланширајте го во врела вода. Потоа исцедете го, исечкајте го и измешајте го со кромидот. Зачинете со мускатно оревче, сол и бибер. Измешајте го сирењето со павлака, па сол и бибер. Во добро намастен плех за печење, наизменично наредете ги лазањите, спанаќот и сосот од сирење. Завршете со сосот. Посипете со сирење и печете во рерна на 200 степени околу 45 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи: