Ви треба:
400 г лигњи исечени на прстени3 јајца200 г брашно200 г лебни трошкимаслопивосусам по вкустартар сослимон како додаток
Подготовка:
Измијте ги и внимателно исчистете ги лигњите со нож и исечете ги на прстени со дебелина до еден сантиметар. Изматете ги јајцата во длабока чинија и посолете ги. Поделете го брашното и лебните трошки со сусам во две посебни чинии. Истурете го пивото во сад и потопете ги лигњите околу 15 минути. Извалкајте ги прстените од лигњи во брашното, потоа во јајцата, па во лебните трошки. Пржете во тава во загреано масло на тивок оган. Ставете ги лигњите на салфетка за да се исцеди вишокот маснотии. Уживајте!
Пронајдете не на следниве мрежи:


