Американскиот претседател Доналд Трамп денес испрати писма во врска со царините до уште седум трговски партнери на САД – Филипините, Брунеи, Молдавија, Алжир, Либија, Шри Ланка и Ирак.Според писмата на Трамп, царините за увоз од Шри Ланка, Либија, Ирак и Алжир во САД ќе бидат 30 проценти, од Молдавија и Брунеи 25 проценти и од Филипините 20 проценти, почнувајќи од 1 август, објави АП.Трамп, исто така, додаде дека подоцна во текот на денот ќе објави царини за увоз од други земји.Писмата беа објавени на социјалната мрежа „Трати“ на Трамп откако истече 90-дневниот преговарачки период, а Трамп вчера изјави дека нема да има нови продолжувања за земјите што ги добиваат писмата.Европскиот комесар за трговија, Марош Шефчовиќ, им рече на европратениците во Стразбур дека ЕУ е поштедена од зголемените тарифи содржани во писмата испратени од Трамп и дека продолжувањето на разговорите до 1 август ќе обезбеди „дополнителен простор за постигнување задоволителен заклучок“.На 2 април, Трамп предложи царини од 20 проценти за стоките од ЕУ, потоа се закани дека ќе ги зголеми на 50 проценти, а потоа предложи почетни царини од 10 проценти.
Пронајдете не на следниве мрежи:



