Министерството за внатрешни работи се уште не одговара на поставените прашања во врска со заложничката драма во Прилеп.
Инфомакс претходно објави дека во градот има зголемено полициско присуство и дека надлетуваат хеликоптери.
Неофицијално драмата почнала околу три часот попладне, зошто од страна на МВР не е реагирано порано засега не се знае. Очевидци на настанот велат дека неколку лица биле во заложништво. Полицијата пробала, доцна вечерва, да влезе на местото на настанот меѓутоа напаѓачот отворил оган кон нив.
До овој момент нема нема официјални податоци за жртви и повредени.
Повеќе информации очекувајте на Инфомакс!



