(Видео) Апасиев до ДПМНЕ: Вашата разбојничка банда не може да има монопол врз историското име ВМРО!

На денешната седница на Собранието, пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, го образложи Предлог-законот за заштита на името ВМРО, поднесен од пратеничката група на Левица. Тој порача дека името ВМРО, кое е вградено во колективната меморија на македонскиот народ, не смее да биде злоупотребувано од криминални партии без никаква идеолошка врска со револуционерната традиција:

„Овој Предлог-закон е генерацски чекан, затоа што една бизнис-партија и едно злосторничко здружение на кое му е замрзнат имотот веќе со години, се обидува патриотскиот менталитет и сентимент на народот да го злоупотреби и за тие четири свети букви ВМРО да пропагира бизнис буржујски интереси. И оттука сметаме дека конечно е дојдено времето да се пресече овој континуитет, затоа што патриотското крило всушност живее во Левото крило на Организацијата, а тоа е олицетворено во АСНОМ-ските идеали, односно во продолжетокот – сега тоа е партијата Левица, затоа што секогаш левото крило, за разлика од десното крило, било државотворно!

Вие немате ниту морално, ниту историско право да го носите името ВМРО и затоа предлагаме со овој Предлог-закон да се забрани употребата на името ВМРО за политички партии. Дојдено е времето за идеолошка дистинкција помеѓу една криминална структура, корумпирана и помеѓу светите букви ВМРО и сметаме дека сега е моментот да се пресече овој генерациски лаж, којшто цело време му го сервирате на народот како пропатриотски, а во суштина е предавнички!

Извесно е како ќе помине, но пораката до јавноста којашто се праќа е многу голема и затоа: Македонски народе! Не паѓајте на вакви новокомпонирани буржујски творевини. Следете ја идеологијата на Левото крило на Организацијата олицетворена во патриотската и промакедонска Левица!” – порача пратеникот Апасиев, а за Предлог-законот не гласаа пратениците од ДПМНЕ, ДУИ, ВРЕДИ и ЗНАМ.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: