Тинејџери излетале од пат во велешко, тројца се повредени

16-годишен возач со „БМВ“ вчеравечер излетал од локален пат во Велешко, а во несреќата се повредени тројца негови врсници кои ги возел, соопшти МВР.

„На 16.07.2025 околу 21:40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Бузалково, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес“, пишува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: