Горан Минчев е избран за шеф на Централниот изборен штаб на ЗНАМ

На седница на Централниот одбор на ЗНАМ, за шеф на Централниот изборен штаб за локалните избори е избран генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација, Горан Минчев. Како што информираат од ЗНАМ, партијата вчера го формирала Централниот изборен штаб за спроведување на кампањата за следните локални избори и шефовите на регионалните штабови во сите шест изборни единици.

„До крајот на јули ќе бидат именувани сите шефови на општинските штабови и партијата практично од август ќе се трансформира кон штабски начин на работа. На седницата на ЦО беа дискутирани активностите како увертира на подготовките за почетокот на изборната кампања, но и комплетирањето на кандидатските листи за советници во сите општини каде што Движењето ЗНАМ – За наша Македонија има свои општински организации“, се наведува во партиското соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи: