Војници од Албанија и Македонија во состав на КФОР спроведоа вежба за заштита од пожари

Војници од Албанија и Северна Македонија спроведоа интензивна вежба за противпожарна заштита и гаснење пожари, поддржани од унгарски инструктори од Тактичкиот резервен баталјон на КФОР (KTRBN), објави Мисијата.

Според соопштението на КФОР, физичката издржливост, менталната отпорност и тимската работа се клучни за обезбедување безбедност и стабилност во Косово. Во соопштението се додава дека КФОР продолжува да го спроведува својот мандат врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН од 1999 година, за да придонесе за безбедна средина за сите луѓе и заедници во Косово и слобода на движење, во секое време и непристрасно.

Се потсетува дека КФОР работи во тесна координација со косовската полиција и ЕУЛЕКС во нивните соодветни улоги како безбедносни сили.

Пронајдете не на следниве мрежи: