Ви треба:
1 кг цреши1 кг шеќер1 л вода1 лажица сок од лимонполовина лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Истурете вода во тенџере, потоа додадете шеќер и гответе на умерена температура, мешајќи додека не почне да врие и шеќерот не се стопи. Потоа додадете ги измиените и исчистени цреши, сокот од лимон и екстрактот од ванила, промешајте и гответе уште 20-30 минути, или додека џемот не ја добие саканата густина. Префрлете го во претходно стерилизирани тегли. Чувајте го џемот на суво и темно место.
Пронајдете не на следниве мрежи:


