Ева Лонгорија позираше заводливо на добротворна вечера во Марбеља: Белиот фустан ја истакна нејзината фигура (фото)

Ева Лонгорија привлече многу погледи на добротворниот настан „Глобал Гифт Гала“ што се одржа вчера во Марбеља.50-годишната актерка изгледаше сензационално, а за оваа вечер избра елегантен тесен бел фустан, кој ја истакнуваше нејзината фигура.

Впечатливата креација со должина до подот и засек, имаше шлиц на половината, кој ги откриваше нејзините затегнати стомачни мускули. Таа го надополни аутфитот со високи потпетици и впечатливи обетки во облик на ѕвезда.Според „Дејли меил“, Лонгорија не можела да ја тргне насмевката од лицето додека позирала за фотографите и се дружела со пријателите на овој гламурозен настан.Таа беше една од почесните гости на овој настан, а позираше со Маријам Браво, Амаури Ноласко, Виси Мартин Берокал. Патем, Фондацијата „Глобал Гифт“ е хуманитарна организација чија цел е да создаде „позитивно влијание врз животите на децата, жените и семејствата кои се во ранливи ситуации или се изложени на ризик од социјална исклученост“.

Пронајдете не на следниве мрежи: