Лорен Санчез ги обожава луксузните модни додатоци: Таа покажа чанта од 15.000 евра која повеќе не може да се купи (фото/видео)

Џеф Безос и Лорен Санчез се вратија во Европа по краткото патување во Соединетите Американски Држави (САД), а новата сопруга на милијардерот привлече внимание со уште еден скап моден додаток.Санчез беше видена во неделата во познатиот хотел „Кап-Еден-Рок“ во Кап д’Антиб, облечена во винтиџ фустан од Роберто Кавали со отворен грб во смели нијанси на сина, жолта и светло розова боја.Таа носеше сандали со потпетици од „Аквазура“ и ретка чанта од „Диор“ вредна 15.000 долари.
All eyes on Lauren Sánchez’s lavish Dior micro bag as she returns to Europe with Jeff Bezos: See her look! https://t.co/mTWgoTYE6l pic.twitter.com/F4Ris11tY1— OmniTee (@omnitee_designs) July 22, 2025
Нејзината мала чанта „Лејди Диор микро“ со монистра го содржи мотивот на луксузниот бренд „Рêve d’Infini“ („Сон за бесконечност“) од уметникот Пјетро Руфо, кој е базиран на мозаик од компас од домот од детството на Диор во Гранвил, Франција.Иако овој модел во ограничено издание повеќе не е достапен за купување во бутиците на Диор, првично се продаваше за над 15.000 долари и доаѓаше во соодветна кутија украсена со истите уметнички дела, што го прави вистински колекционерски предмет.Санчез не е непозната за луксузните модни додатоци, а во последно време често носи исклучително ретка верзија на иконската чанта Кели на Хермес – Кели Мидас, чија цена е неверојатно висока.Даниел Енгландер, експерт за луксузни стоки, наведува дека името на оваа чанта е инспирирано од кралот Мида, грчки митски лик кој сè што ќе допре го претвора во злато.

Пронајдете не на следниве мрежи: