БРЗА ТОРТА ОД КОКОС И ЛИМОН Освежува и засладува истовремено, а е готов за половина час

Ќе ви требаат:

2 јајца1 чаша јогурт1 чаша шеќер1/2 чаша маслосок и кора од 1 лимон1,5 чаши брашно1/2 чаша кокос1 прашок за пециво

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќер, додадете јогурт, масло, сок од лимон и рендана кора. Додадете кокос, потоа брашно измешано со прашок за пециво. Истурете во намастен плех и печете на 180°C околу 30 минути. По желба, додека колачот е топол, прелијте со сируп (сок од 1 лимон + 2 лажици шеќер, сварен).

Пронајдете не на следниве мрежи: