Домашен мелем од 2 состојки: Ја омекнува грубата кожа на стапалата и рацете буквално преку ноќ!

Ова е одличен рецепт за груби дланки, испукани пети, калуси на стапалата и грди нокти на нозете. Делотворен е и проверен а потребни ви се само две состојки: глицерин и медицински алкохол 70%.
 
 
 
 
И двете состојки можете да ги купите од аптека.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

50 мл глицерин
50 мл медицински алкохол

ПОСТАПКА:

Помешајте еднакви делови од глицерин и 70% алкохол, во однос 1:1.

УПОТРЕБА:

Со мешавината мачкајте се двапати дневно, наутро и навечер, на сите критични места. Фантастичните резултати се видливи по само 10 дена!

Петите ќе ви станат розови, нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај.

Пронајдете не на следниве мрежи: