Веста на денот во светот на фудбалот е новата тешка животна ситуација на Тито Виланова.
Година дена по операцијата и откако ја победи битката со туморот, болеста го врати својот удар. Тито Виланова, тренерот на Барселона во четврток наутро ќе има итна операција откако ќе биде појасно што ќе биде со него.
Веста ги потресе сите големи љубители на фудбалот, без оглед за кој тим навиваат, или играат.
„Премногу ми е жал што ги слушнав овие вести…“ изјави на својот Твитер-профил Чави.
„Целата моја енергија за поддршка за Тито Виланова! Сите сакаме да ја победиш оваа болест!“ напиша Надал.
„Му ја упатувам целосната поддршка на Тито Виланова!“ напиша Гути.
Поддршка од минута во минута пристигнува и од останати бројни фудбалери меѓу кои Марсело, Де Геа, Арбелоа, официјално и Малага…
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: