ПОСНИ КИФЛИЧКИ: Брзи и воздушести, а ќе бидат одлични кога ќе се оладат

Ќе ви треба:

800 г брашно1 кесичка сув квасец500 мл млака вода100 мл масло1 лажица шеќер1 лажичка солсусам или ким за посипување (по желба)малку масло за премачкување

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Растворете го квасецот во млака вода со шеќер, па оставете го 10 минути да се активира. Во голем сад измешајте го брашното и солта, па додадете ја смесата од масло и квасец. Замесете мазно и еластично тесто. Потоа покријте го со крпа и оставете го еден час да нарасне. Замесете го тестото и поделете го на 4 еднакви делови. Секој дел расукајте го во круг и исечете го на 8 триаголници. Превиткајте од поширокиот дел кон потесниот дел од триаголникот, правејќи ја класичната форма на ролат. Наредете ги кифличките на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со масло и наросете ги со сусам. Печете ги кифлите околу 20 до 25 минути, во рерна претходно загреана на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: