„Старата дама“ наводно е во преговори со напаѓачот на екипата на Барселона, Давид Виља, сепак ангажманот би бил позајмица на шест месеци а би позајмицата како што пренесуваат италијанските медиуми би можела да се оствари во јануарскиот преоден трансфер-период.
Јувентус е сериозно заинтересиран за ангажман на Давид Виља, односно да ја засили напаѓачката линија во сопствените редови, па токму поради причината што бараат освежување во таа линија тие неколку пати во последниов период се врзуваат со интерес за Дидиер Дрогба, Фернандо Љоренте, па дури и Гери Хапер од Селтик.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, челниците на клубот од Торино стапиле во контакт со колегите од Барселона, за да се склучи договор за позајмица на Давид Виља во период од шест месеци.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: