Вест Хем доминантен во најлошиот тим на Премиер Лигата

 

Популарниот спортски портал goal.com избра кој го сочинува најлошиот тим во досегашниот тек на премиерлигашката сезона. Врз основа на оценките за играта прикажана во првиот дел на сезоната, тимот во кој доминира Вест Хем има и фудбалер на актуелниот европски шампион, Челси.Во најлошиот тим „чеканите“ имат  4-ца играчи од своите редови меѓу кои е напаѓачкото дуо, позајмениот фудбалер од Ливерлул, Енди Керол и Мадибо Маига. Керол не ги оправда 35-те милиони фунти кои „црвените“ ги дадоа за него, а очигледно не му оди најдобро ни во Вест Хем. Другите двајца „почестени“ фудбалери се Гери О'нил и Џејмс Томкинс.

По двајца претставници во овој тим имаат Квинс Парк Ренџерс и Виган. Од КПР тоа се  поранешните фудбалери на двата гигантски тима од Манчестер, Џи Сунг Парк и Шон Рајт Филипс, а од Виган голманот Али Ал Хабси и одбранбениот играч, шпанецот Иван Рамис. Парк, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед не успеа да се мотивира ни со носењето на капитенската лента, додека пак Филипс не наликува на оној играч кој беше во актуелниот англиски првак, Манчестер Сити.

Со по еден играч, свој удел во овој тим имаат и Њукасл чија чест ја брани италијанецот Давид Сантон, Сандерленд е претставен од Стефан Сесењо, а за угледот на актуелниот евроски шампион Челси, е заслужен Рајан Бертран.

Очигледно, Сем Алардаис, менаџерот на Вест Хем ќе има многу за размислување во зимскиот преоден рок. 

Еве како изгледа најлошиот тим во Премиер лигата пред почетокот на Новата година:

Голман: Али Ал Хабаси (Виган)

Одбрана: Давид Сантон (Њукасл), Џејмс Томкинс (Вест Хем), Иван Рамис (Виган), Рајан Бертранд (Челси)

Среден ред: Шон Рајт Филипс (КПР), Парк Џи Сунг (КПР), Гери О'Нил (Вест Хем),Стефан Сесењо (Сандерленд)

НападЧ Енди Керол(Вест Хем), Мадибо Маига (Вест Хем)

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: