Направете домашна штрудла со гриз и капини во која сите ќе уживаат

Направете вкусна и сочна штрудла од капини со овој едноставен рецепт што ќе ве освои уште од првиот залак.

Идеална за сите љубители на сезонско овошје, оваа штрудла комбинира крцкави кори со богат фил од капини и гриз. Со готови кори и неколку состојки што веќе ги имате дома, брзо ќе направите совршена закуска за секоја пригода.

Состојки:

4 јајца2 чаши шеќер2 чаши јогурт2 чаши гриз1 прашок за пециво1 пакет готови крофниКапини

Подготовка:

Матете ги јајцата со шеќерот додека не добиете пенаста смеса. Потоа додадете го маслото, јогуртот, гризот и прашокот за пециво. Добро измешајте сè за да се соединат состојките.

Намачкајте ја секоја кора со смесата, а капините наросете ги врз третата кора. Потоа внимателно замотајте ги корите.

Премачкајте ја штрудлата со преостанатата смеса и печете ја во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути, додека не добијат убава златна боја. Сервирајте откако ќе се изладат. Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи: