Денес, околу 14:00 часот, избувна голем пожар помеѓу кичевските села Челопејци и Миокази, кај Вранештица.
На терен интервенираат 35 војници на АРМ со три пинц-гауери, како и воздушна поддршка од два хеликоптери на МВР и еден хеликоптер на АРМ, информираат надлежните.
Дополнително, упатени се две возила од БППЗ на Град Скопје и друга копнена поддршка.



