До утрово до 07:00 часот, во земјата се регистрирани вкупно 25 пожари, од кои два се активни, а три се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според податоците, изгаснати се 20 пожари.Пожарите се активни во месноста „Јасен“, општина Македонски Брод, каде што гори мешана планина, и во Октишка Краста во Струга, каде што гори ниска вегетација.Пожарите се под контрола во општина Сарај, село Радуша кон село Ворце, каде што е зафатена ниска вегетација, општина Харачина, каде што е исто така зафатена ниска вегетација, и во општина Демир Хисар, село Мало Илино, каде што пожарот зафати дабова шума.
Пронајдете не на следниве мрежи:



