Летниот период и празните домови се привлечна мета за крадците. Во јуни и јули, според МВР, регистрирани се 967 кривични дела – 689 „тешки кражби“ и 278 „кражби“. Иако полицијата вели дека бројот е намален за 20% во споредба со лани, граѓаните тврдат дека кражбите се се почести, а дел од нив и не ги пријавуваат.
Експертите предупредуваат на внимателно користење на социјалните мрежи и чување на вредни предмети во банкарски сефови. Полицијата советува при заминување од дома да се проверат сите врати и прозорци, а во возилата да не се оставаат вредни предмети на видно место.



