*Објава на Фејсбук на Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво.
– Државен инспекторат за труд изгледа е на колективен одмор 6 месеци. Одговор од пријави на работниците скоро и да нема. Не заборавајте дека тоа што сте државен орган плата земате од тие работници што пријавуваат неправилности. Почнете да казнувате ГАЗДИ и ДИРЕКТОРИ не само работници зашто и вие ќе бидете казнете еден ден. Со чест на исклучоци на двајца ајде и тројца инспектори другите некако Ве снема.
Правдата знаеме дека е спора, но со Вас скоро и да ја нема. Тужбите што моли Владата и одредени претпријатија да не ги пуштаме да не правиме дополнителни трошкови ќе бидат морални и секојдневни, а и по некоја кривична за Директорите што не почитуваат ЗРО и ОКД за јавен сектор. Срдечен поздрав и убав викенд!
П.С. работа за викенд се плаќа дополнително.
П.П.С. работа за празник малку повеќе!
Да не заборавам: притисоците Ваши, се помали од притисоците наши! – стои во објавата на Фејсбук.




