Поради пожар затворен е патот Македонски Брод-Скопје

Регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е затворен за секаков вид возила поради пожарот во националниот Парк Јасен, соопшти АМСМ.

Како што информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, во гаснење на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).

Според Ангелов, зафатена е мешана шума, а за гаснење се користат сите можни ресурси.

-Врз пожарот во ловиштето „Јасен“ рано утрово со дејство почнаа 30 припадници на специјалните единици „Волци“ и „Ренџери“, а на терен се присутни екипи на ЈП „Национални шуми“, на ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), иако во текот на вчерашниот ден воспоставивме делумна контрола врз овој тежок за гаснење пожар – изјави од терен Ангелов.

Стратегијата е, како што рече, пожарот да биде пресретнат и стопиран и во текот на денов да се стави под делумна контрола.

Пронајдете не на следниве мрежи: