Гризот е лесна и хранлива состојка, а на десертите им дава совршена мекост и воздушест вкус. Во комбинација со свежи јагоди и праски, се претвора во вистински летен десерт што освежува уште од првиот залак.
Ќе уживате во колачот од јогурт и гриз без многу труд, бидејќи подготовката е брза и лесна. Совршен е за топли денови кога сакате нешто благо и лесно.
Состојки за пандишпанот:
150 г гриз2 јајца100 г шеќер100 мл масло100 мл јогурт1 лажичка кора од лимон1 кесичка прашок за пециво
Состојки за преливот, шлаг и овошје:
300 г сок од портокал2 лажици шеќер3 кесички ванилин шеќер400 г боровинки и праскишлаг од ванила120 мл млеко
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот додека не се добие пенаста смеса. Додадете јогурт и масло и соединете. Додадете го гризот, прашокот за пециво и кората од лимон. Истурете ја подготвената смеса во плех за печење и печете во рерна на 180 степени околу 30 минути, додека пандишпанот не добие златно-кафеава боја. Загрејте го сокот од портокал во длабок сад, додадете обичен и ванилин шеќер и прелијте го врз топлиот пандишпан. Изладете го колачот и послужете го со свежо овошје, сладолед и шлаг од ванила, по желба.
Пронајдете не на следниве мрежи:


