Погледнете како Новак Ѓоковиќ танцуваше во Њујорк: Српскиот тенисер уште еднаш покажа каков забавувач е, сите го споделуваат ова видео

Дваесет години откако првпат стапна на теренот на Отвореното првенство на САД, Новак Ѓоковиќ се врати во Њујорк – насмеан, пеејќи и подготвен за историска кампања за својата 25-та титула од Гренд слем.

По влегувањето во комплексот, публиката го поздрави, на која тој им возврати со насмевката и танцот, а атмосферата веднаш стана вистинска мала забава.

Доаѓањето на Новак ја реши и дилемата околу неговото здравје. По паузата и пропуштените турнири во Торонто и Синсинати, многумина шпекулираа за повреда. Сепак, тренинзите во Њујорк покажаа – Ѓоковиќ е целосно подготвен и влегува во крајот на сезоната без никакви видливи проблеми, пишува nova.rs.

Novak New York@DjokerNole arrives at the US Open. pic.twitter.com/sfqW3pppo3— US Open Tennis (@usopen) August 18, 2025

Пред да се фокусира на натпреварувањето во поединечна конкуренција, Новак ќе игра и мешани двојки оваа година – што е вистинска новина во неговата кариера. Негова партнерка е Олга Даниловиќ, со која веќе ги одработи првите тренинзи во Њујорк. Нивното деби ќе биде спектакуларно – на најголемиот стадион на турнирот, стадионот „Артур Еш“, против рускиот тандем Мира Андреева и Даниил Медведев. Победниците од овој натпревар веќе би можеле да се најдат во четвртфиналето.

Во деновите што доаѓаат, Новак ќе се прилагоди на условите во Њујорк, додека љубителите на тенисот со нетрпение го очекуваат извлекувањето. И таму, на најголемата сцена на светскиот тенис, српскиот ас има шанса да напише нова страница во историјата и да стигне – до магична 25-та титула од Гренд слем.

Пронајдете не на следниве мрежи: