Приведени 7 лица во акцијата на Финансиска полиција за нелегална продажба на нафта

Седум лица се приведени во рамки на акцијата на Финансиската полиција, кои се гонат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари, дознава Телма. Вкупно во рамки на истрагата се осомничени 13 луѓе и 10 фирми.

Тие продавале нафта во кеш, а потоа парите ги пријавувале како дневен промет во фирмите преку фиктивини фактури и притоа барале и поврат на ДДВ. Направената штета се проценува на околу 7 милиони евра.

Акцијата била спроведена на 8 локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Пронајдете не на следниве мрежи: