Летото сè уште не е завршено, но првите снегулки веќе паднаа во Романија. Невообичаениот феномен за сезоната е забележан на планината Родна, Марамуреш – највисоката точка на Источните Карпати, објави БТА.
Зимскиот пејзаж го снимил турист во близина на врвот Пјетросу, на надморска височина од над 2.000 метри надморска височина. Според Националната метеоролошка служба, утрово во регионот Марамуреш и Трансилванија е измерена температура од -1,7 степени – вредност блиску до месечен рекорд.



