Малолетно момче брутално нападнато во Тетово, насилниците го тепале со разни предмети

14-годишно момче во саботата навечер било нападнато од повеќемина насилници, кои го тепале со разни предмети, соопшти полицијата.

„На 24.8.2025 во 22:00 часот во СВР Тетово, Б.Ј.(34) од с.Копачин Дол, општина Желино, пријавил дека околу 21:00 часот во парк во Тетово, неговиот 14-годишен внук бил физички нападнат од неколку лица, кои користеле разни предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: