Претседателката со „државнички одговор“ на отвореното писмо од Ванковска: Одговорот – блок на Фејсбук

Професорката Ванковска се „пофали“ дека претседателката Сиљановска го прочитала нејзионото отворено писмо и напиша:

Добро е! Претседателката го прочитала писмото! Како знам? Па ме блокирала повторно на ФБ! Колку детска постапка!!
Инаку, кога сум веќе на оваа тема. Чув дека препорачува вестите да почнувале со настани од културата, спортот и сл, а политика на крај! Не ми се верува дека е ова истата жена која како професорка ги учела студентите што е polites (активни граѓани) и idiotes (оние кои не се грижат за јавните работи, туку си уживаат во работи што нив ги прават среќни). Според оваа “логика”, ние за јавните работи (res publica ) или не дај боже за геноцид треба и да не слушаме. Треба да си се затвориме во меурот (оној кој таа си го изградила очигледно и веќе со години, како пратеничка и претседателка, ужива во него). Ама ние живееме реални животи. Како што велеше Бертолд Брехт: ти може не се занимаваш со политика – ама таа се бави со твојот живот.
Таа бара културализација, односно деполитизација на јавноста во време на општа и длабока криза. Нам ни недостасува политизација во аристотеловска смисла, креирање заедница околу јавно добро и доблест. Ескапизам со култура и спорт и златни славејчиња одговараат на богати и/или страшливци. Еден ден може да чуеме и препорака да јадеме колачи ако немаме за леб.Оваа “британска кралица” е всушност “принцеза на зрно грашок” – бега од јавна критика, затвора очи пред милитаризам, не гледа глад и смрт, ги слуша Мицкоски, Тимчо и Момировски. Кажете една државничка работа што ја покренала или направила таа во интерес на државата?
Цел живот да предаваш уставно право и на крај во пракса да ја упропастиш функцијата шеф на држава – тоа е навистина неверојатно постигнување.

Пронајдете не на следниве мрежи: